ИСТОКОТ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРВОМАЈСКА СКАРА.

април 30 18:27 2018

Први Мај и годинава ќе ги запали скарите во регионот. Наместо мрвки ќе се печат колбаси, барем ако се суди по она што во месарниците најмногу се продава пред празникот:

  • Има мала побарувачка и главно се трошат ќебапи и колбаси, кажа Лазе Доневски, месар.

Како и да е, побогато или поскромно, традицијата на првомајски излет во општините од Истокот нема да изостане и оваа година:

  • Ќе одиме на локалитетот Баргала, ќе останеме таму два дена и секако ќе печеме скара, рече жител на о. Штип.

Скари ќе има, а со нив и опасност од пожари:

  • Граѓаниет да бидат внимателни со скарите, зашто истите можат да предизвикаат пожар ососбено во шумски предели, рече Тони Атанасов, командир на ТППЕ – Штип.

А за мирен и спокоен празничен ден, свои препораки има и полицијата:

  • Домовите да се осигураат од кражби, да не се вози под дејство на алкохол и да се внимава на јавниот ред и мир, апелираше во има не полицијата и Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

И оваа година, во ниту една општина во регионот ќе нема работнички протести. Значи ли тоа дека овде не се кршат работничките права или, пак, работниците толку се навикнаа на неправди, што веќе не се ни бунат?

 

ИЗВОЕ: Тв Стар

  Категории: