ИЗГЛАСАН БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2022 ГОДИНА

ИЗГЛАСАН БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2022 ГОДИНА
декември 31 10:53 2021

Непосредно пред Новата година, на 7-мата Седница на Совет на Општина Берово, беровските советници дадоа зелено светло и со 8 гласа за и 7 воздржани советници, го усвоија Буџетот на општина Берово за 2022 година, на седницата која што се одржа on line.

Вкупниот буџет на општина Берово е проектиран на сума од 312.690.000, 00 денари. На изготвувањето на Буџетот, му претходеа средби со граѓани, неформални средби ,средби со НВО, on lajn пријава на предлози и  истакнување на приоритетите и потребите на граѓаните.Во рамките на процесот на изготвување на Буџетот на Општина Берово за 2022 година, земани се во предвид, истакнатите проблеми на граѓаните, кои беа доставени по објавен повик, по приоритет.Буџетот е изготвен, водејќи се од начелото на почитување на принципот на Буџетска дисциплина и транспарентност и може да се каже дека Буџетот на Општина Берово за 2022 година е развоен.Буџетот на Општина Берово за 2022 година, содржи реализација на капитални проекти, инфраструктурни проекти, проекти од областа на спортот и културата, социјална заштита, туризам, локален економски развој, енергетска ефикасност, животна средина и противпожарна заштита, со следниот распоред:

БУЏЕТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2022 ГОДИНА – 312.690.000,00

ТЕКОВНО-ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ – 250.886.726,00 – 80%

КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 61.803.274,00 – 20%

ОСНОВЕН БУЏЕТ – 98.224.142,00

ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ – 64.817.400,00 – 66%

КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 33.406.742,00 – 34%

БУЏЕТ НА САМОФИНАНСИРАЧКИ АКТИВНОСТИ – 16.199.000,00

ПРОГРАМА К2 – 120.000,00

ПРОГРАМА Н1 – 305.000,00 (ООУ ДИМ-180.000, ООУ НПР-125.000)

ПРОГРАМА Н2 – 200.000,00

ПРОГРАМА В1 – 7.150.000,00

ПРОГРАМА В2 – 8.424.000,00

БУЏЕТ НА ДОТАЦИИ – 158.523.577,00

ПРОГРАМА К – 3.658.577,00

ПРОГРАМА Н1 – 81.748.000,00 ( ООУ ДИМ-69.077.060, ООУ НПР-12.670.940

ПРОГРАМА Н2 – 37.700.000,00

ПРОГРАМА В1 – 21.509.000,00

ПРОГРАМА В2 – 6.608.000,00

ПРОГРАМА Њ0 – 7.300.000,00

БУЏЕТ НА ДОНАЦИИ – 39.743.281,00

ЕВРОПА ЗА ГРАЃАНИ-ПРОГРАМА Г1 – 70.000,00

ОКР – ПРОГРАМА Г1 – 1.674.000,00

РАЗВОЈНА-ШТИП И БЕРОВО-ПРОГРАМА ГА – 6.125.000,00

РАЗВОЈНА-ВОЛОНТЕРИ ПРЕКУ ГРАНИЦА-ПРОГРАМА МББ – 22.741.931,00

ООУ ДИМ ( 3 ПРОЕКТИ)-ПРОГРАМА Н1,НА – 2.456.387,00

ОСУ АЦО РУСКОВСКИ-ПРОГРАМА Н2 – 1.293.963,00

ПРОГРАМА В1 – 400.000,00

ОЈУСЗСЛ Д-Р ИВАН ВЛАШКИ – ПРОГРАМА В2 – 4.982.000,00

Сметам дека Буџетот на Општина Берово е развоен и годината што следи ќе реализираме уште многу проекти за поубаво Берово. Буџетот ги содржи сите компоненти, предвидени во Програмите од одделенијата, секако дека ние и понатаму ќе аплицираме на отворените повици од повисоко ниво на власт и како што ќе ги добиваме трансферите ќе го прошируваме Буџетот.,   истакна Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.