ИЗВСТУВАЊЕ: ПРИЈАВУВАЊЕ НА ФУДБАЛСКИ ТАЛЕНТИ ВО ФК РУСИНОВО.

ИЗВСТУВАЊЕ: ПРИЈАВУВАЊЕ НА ФУДБАЛСКИ ТАЛЕНТИ ВО ФК РУСИНОВО.
август 07 13:23 2018

Фудбалскиот клуб ФК Русиново кој функционира на територијата на Општина Берово, распишува оглас за пријавување на нови млади фудбалски таленти за 2018 – 2019 година.

Пријавувањето се однесува на сите машки и женски фудбалски таленти родени од 2004 до 2012 година.

Почитувани спортисти, Ви се пружа исклучителна шанса да се препознаете во организираните спортски содржини и го исполните вашето слободно време со спорт и рекреација за подобро утре.

Мотивацијата на луѓето во клубот оди во нагорна линија со промовирање за прв пат можност за формирање на женски фудбалски клуб во непосредна соработка со Фудбалската федерација на Македонија.

Фактот што младите и надежни фудбалски таленти од Фк Русиново, во пролетната полу сезона не изгубија ниту еден натпревар во Детската фудбалска лига Исток, обврзува и понатаму да се насочиме уште поконкретно и да ги подржиме нивните активности со надеж дека во блиска иднина од овие редови ќе произлезат конкурентни поединци и за самите репрезентативни категории во Фудбалската федерација на Македонија.

Потврда за квалитетот и посветеноста во клубот е и официјалното прогласување на најдобриот играч на лигата за 2017 – 2018 година од редовите на Фк Русиново.

 

Фудбалска школа за едукација и формирање на

                                                                                                               млади фудбалски таленти.

Пријавувањето е во тек, а сите заинтересирани можат да се пријават кај про.Љупчо Нешовски (078 342 500) Игор Демјански (070 625 891), Слободан Мирчовски (070 541 718) и Тимко Нешовски.

Фудбалската школа почнува со работа од 15 Август.

 

  Категории: