ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ТППЕ БЕРОВО СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ТППЕ БЕРОВО СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ
октомври 21 14:19 2022

Територијалната против пожарна единица -Берово, ги потсетува граѓаните, на законската обврска, за редовно и навремено чистење на димоводните канали, односно оџаците, како и за проверка на кровните конструкции и таваните изградени од дрво и од трска.

АПЕЛИРАМЕ, граѓаните да ја проверат исправноста на електричната инсталација и грејните тела, кои ги користат во зимскиот период за затоплување.

Минатата година, во текот на грејната сезона, во Берово и Пехчево, регистрирани се пожари во колективните и во приватните стамбени објекти, кои беа предизвикани претежно од неисчистени оџаци, како што информираше командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.

Зато, на самиот почеток на грејната сезона, упатуваме АПЕЛ ЗА СОВЕСНО ОДНЕСУВАЊЕ И ЗАЕДНИЧКИ ПРИДОНЕС, КОН ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ПОГОЛЕМИ КАТАСТРОФИ.

Ви благодариме на разбирањето!

  Категории: