ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ МУСЛИМАНИ ОД БЕРОВО

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ МУСЛИМАНИ ОД БЕРОВО
февруари 02 23:25 2022


Влеговме во трите Свети Месеци кои што според Хиџретскиот Календар се нарекуваат Реџеб, Шабан и Рамазан.
Овие три месеци се преполни со посебни, Свети Ноќи, како што се: Ноќта на Регаиб, Ноќта на Мираџот, Ноќта на Берат, и конечно- Ноќта на Кадр.
Без сомнение дека овие три месеци треба да ги минеме со што повеќе ибадети, со што е можно повеќе добри дела.


Мухамед а.с., неговата фамилија и сахабите се трудеа многу за да се здобијат со добрините на овие месеци. Тие клањаа нафиле намази, бараа прошка, ги помагаа сиромашните, делеа милост и ги радуваа сираците, осамените и по старите луѓе.
Без сомнение, за овие три Месеци и за Посебните Ноќи во нив, може да се каже и да се пишува многу, но секако останува наша должност додека траат тие месеци, сите ние да ги минеме во што по голема активност и во ибадет, да чиниме добри дела со потполна искреност.

Исто така утре 03.02.2022 година е ноќта на Реагиб или ноќ на желбите.Иншаллаху теала да се собереме и да ја одбележиме оваа ноќ.Сите кои ќе бидат присутни утре вечер, ќе имаат можност да се напијат од водата Зем Зем.


Затоа, драги верници, да се обидеме месеците што се пред нас да ги минеме со многу добра волја, со верба и со желба да се исчистиме духовно за да достигнеме што по висок степен на преданост кон Алла џ.ш
Посакувајќи ви се најубаво и честитајќи ви ги трите Свети Месеци, да се потсетиме на довата на Мухамед а.с. што тој ја кажуваше секогаш кога ќе дојдеше ноќта што го обележува почетокот на Трите Месеци: ” Алаху мој! Благослови ни ги Реџеб и Шабан и спои не со Рамазан!” Aмин!

Со почит со љубов со дова:
Хаџи Тахиф Еф. Дестанов

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.