Овогодинешното чествување на манастирската слава посветена на Успението на Пресвета Богородица ќе се спроведе во согласност со пропишаните протоколи за заштита од пандемијата на Ковид – 19 на Министерството за здравство.Апелираме до сите што ќе присуствуваат на богослужбата или ќе го посетат манастирот по неа да се придржуваат на препораките за заштита. Ве информираме и дека во согласност со препораките на Министерството за здравство нема да се организира традиционалниот манастирски ручек.За време на божествената литургија имаме должност да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид – 19, па носењето маска, како и држењето на соодветно растојание е задолжително.Ви благодариме за разбирањето.
Коментар:*
Име*
Е-маил*
Веб сајт
Δ
This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.