ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ ИЗДВОИ ПЕТ КЛУЧНИ ПРОЕКТИ ОД НЕГОВАТА ПРОГРАМА, КОИ ГИ ВЕТИ НА ГРАЃАНИТЕ НА БЕРОВО

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ ИЗДВОИ ПЕТ КЛУЧНИ ПРОЕКТИ ОД НЕГОВАТА ПРОГРАМА, КОИ ГИ ВЕТИ НА ГРАЃАНИТЕ НА БЕРОВО
октомври 12 15:12 2021

Звонко Пекевски кандидат за втор мандат на градоначалничката фотеља во општина Берово, издвои 5 клучни проекти кои се предвидени за реализација во неговата програма „Најдоброто за Берово“.Како приоритетни проекти од голема важност тој ги најави рехабилитација на вовдоводниот систем со филтер станицата, промена на ДУП И ГУП, продолжување на градежната експанзија, а како едно од ветувањата кое е со огромно значање посебно за младите во градот е пренамена на кино салата во Малдински културен центар.

-СДСМ ја има најдобрата понуда на домашната политичка сцена. Јасна идеја и јасен план за развојот за секој град, за секое село, за целата држава.Ќе ги сработиме најдобрите проекти за нашиот народ за Берово и Малешевијата.А од другата страна демне огромна неизвесност, ризик, опасност и закана – истакна Пекевски.

Еве ги клучните 5 проекти кои стојат во програмата на Звонко Пекевски и кои ги вети за следниот период ако ја добие поддршката за втор мандат градоначалник на Берово.

1.Рехабилитација на водоводен систем со филтер-станица

2.Промена на ДУП и ГУП со овозможување на зона за мало стопанство со поволни можности за нови инвеститори

3.Реконструкција и доградба на кино-салата и пренамена во младински културен центар

4.Продолжение на градежната експанзија, асфалтирање на најголем дел од улиците во Берово и населените места

5.Туризмот-стратешка гранка – уредување на голем број спортски терени, летниковци, игралишта, реобновување на кајакарскиот клуб, виртуелен туристички водич, унапредување и зголемување на сите културно-забавни манифестации и фестивали


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.