Општина Берово, започнува да врши бесплатен јавен превоз, на територијата на општината, секој четврток, почнувајќи од ден 06.04.2023 година.
Превозот ќе се врши со автобус, кој е во сопственост на Општина Берово и тоа на следните релации.
БЕРОВО-ВЛАДИМИРОВО-РУСИНОВО-РАТЕВО-ДВОРИШТЕ- ТРГНУВАЊЕ ВО 13:00
БЕРОВО-СМОЈМИРОВО-МАЧЕВО-БУДИНАРЦИ-МИТРАШИНЦИ-ТРГНУВАЊЕ ВО 15:00 ЧАСОТ
Сите кои сакаат да го користат бесплатниот превоз, за ден 06.04.2023 година (четврток), да се пријават на телефонскиот број на Општина Берово, 033/471-057, во вторник , во периодот од 08.30-13.30 часот.