ЗАПОЧНА НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ НА ПЕХЧЕВО

ЗАПОЧНА НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ НА ПЕХЧЕВО
декември 20 15:43 2021

Служби од ЈКП. „Комуналец“ – Пехчево, денес на плоштадот Св.Петар и Павле во Пехчево започнаа со поставување на новогодишни реквизити и украсување на градот во пресрет на новогодишните и божиќните празници.

Најразновидни светилки, светлосни фигури, дедомразовци, снешковци и многу други украси годинава се очекува да го разубават периодот околу новогодишните и божиќните празнувања во центарот на Пехчево.

Имено, како што најавија претходно од локалната власт, одлучено е за новогодишно украсување да се користат старите реквизити и материјали со кои располага Општината.
Тоа значи дека од Општинскиот буџет за новогодишно украсување нема да бидат користени дополнителни средства.

Според градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, поради енергетската криза и воопшто потребата од заштеда на средства, одлучено е градот, односно неговото централно градско подрачје да бидат украсени со новогодишните украси, со кои располага Oпштината.

-Оваа година, Локалната самоуправа предвиде симболично украсување на општината, имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, енергетската криза и тешката финансиска состојба. Средствата кои требаше да бидат потрошени за новогодишно украсување, ќе бидат наменети и искористени за други цели, односно за реалните потреби на нашите сограѓани или таму каде што е најпотребно, истакна градоначалникот Китански.

Тој додава дека украсувањето на градот ќе придонесе за посреќни моменти на најмладите, но и на повозрасните, со што на тој начин нема да им го ускратиме задоволството на граѓаните да го почувствуваат новогодишниот амбиент, рече Китански.

Со тоа уште еднаш новоизбраниот градоначалник докажува дека Локалната самоуправа продолжува со рационализација на буџетските средства и нивно насочување кој реалните потреби на граѓаните.

Активностите за украсување се очекува да завршат до четврток.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.