По иницијатива на граѓани Роми од Берово, во соработка со Џамискиот одбор и кумуналното претпријатие ЈКПР Улуга, започнаа да се чистат муслиманските гробишта во градот.
Поголем број на активисти Роми веќе втор ден го уредуваа просторот од десната страна на гробиштата, кој долги години е запоставен и претставуваше место за фрлање на секаков отпад.
Активизмот полека се буди кај Беровчани истакна Сенад Расимов еден од активистите, а целта на оваа акција како што вели е да се разубави и овој дел на градот и упати апел да се вклучат што повеќе луѓе на слични вакви акции во Берово.
Акцијата продолжува и утре, каде треба да се финишира со отстранување на пластичниот отпад и дивите дрвја кои го ограничуваа пристапот во тој дел од гробиштата.
Коментар:*
Име*
Е-маил*
Веб сајт
Δ
This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.