ЕБОР ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА СЕКУНДАРНАТА МРЕЖА ЗА ГАС.КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ЗАВРШАТ НА ИСТОКОТ?

мај 09 18:12 2018

Европската банка за обнова и развој сака да инвестира во изгрaдба на секундарната мрежа за гасификација во Македонија. На ова тема претставници од Банката веќе разговарале со македонскиот министер за финансии, Драган Тевдовски:

  • Големината на проектот е проценета на околу 50 милиони евра. Покрај кредитна линија за овој проект побаравме и грант средства кои треба да обезбедат и изработка на техничка документација на проектот, изјави Драган Тевдовски, министер за финансии.

Ова е еден од двата проекта за кои ЕБОР покажала интерес за инвестиција:

  • Вториот проект од се однесува на интерконекција со гасовод помеѓу Македонија и Грција. Веќе имаме добиено писмо за интерес од страна на Европската инвестициска банка за финансирање на проектот, а има интерес и од грчката страна за негова реализација, кажа министерот Тевдовски.

Инаку, секундарната и терцијалната гасоводна мрежа, подразбира изградба на гасоводен систем до институциите, компаниите и домаќинствата во три засебни региони – скопскиот, источниот и западниот.

Магистралната гасоводна делница Штип – Клечовце е готова, а се градат уште три, Штип – Неготино, Неготино – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар. Во план е изградба на ушт е 13 делници како и осум краци за поврзување на економските зони.

Гасификацијата на Македонија се проценува на околу половина милијарда евра. Според проценките  до 2020-та треба бидат реализирани 70 проценти од инвестицијата.

 

ИЗВОР: Тв Стар


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.