ДЕЈАН ЧИПЛАКОВСКИ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ ВО ВОДИТЕ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА ВО БЕРОВО

ДЕЈАН ЧИПЛАКОВСКИ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ ВО ВОДИТЕ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА ВО БЕРОВО
јануари 19 13:01 2023

Честитки за Дејан Чиплаковски, најсреќниот, помеѓу 20 тината учесници, кои денеска, во водите на реката Брегалница во Берово, прв стигна до светиот крст, при денешното чествување на големиот христијански празник, Богојавление- ВОДИЦИ.

Чинот на осветување на водите, го водеа свештениците од црквата во Берово.

Од Буџетот на Општина Берово, за среќниот учесник, кој го фати крстот, обезбеден е вредносен ваучер од 10.000,00 денари, а вредносен ваучер од 12.000, 00 денари, е обезбедн и од општествено одговорна компанија ЗЕГИН.

Општина Берово, му посакува многу среќа и успех на најсреќниот, кој по втор пат го фати светиот крст во Берово, да го прати здравје, среќа и успех следната година.

Честитки и многу успех им посакуваме на сите кои се фрлија по светиот крст, во водите на Брегалница, во Берово, а на сите беровчани им го честитаме денешниот празник Богојавление- Водици, еден од најголемите христијански празници, кога Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан.

  Категории: