ДЕНЕСКА Е ВАСИЛИЦА-ЗА МНОГУ ГОДИНИ ПРАЗНИКОТ

ДЕНЕСКА Е ВАСИЛИЦА-ЗА МНОГУ ГОДИНИ ПРАЗНИКОТ
јануари 14 14:01 2022

Денес (14 јануари), православните верници ги празнуваат Обрезание Господово и Свети Василиј Велики или Василица. По тој повод во храмовите се служи света Василиева литургија.

Според обичаите, за Василица семејството се собира на трпеза и се крши погача или пита со паричка. Симболиката на паричката е дека на оној што ќе му падне, ќе има среќна и бериќетна година.

Во голем дел од градовите низ Македонија се организираат маскенбали, или популарно наречени василичарски карневали. Нивното одржување се поврзува со испраќањето на Старата година и дочекот на Новата, за која се верува дека треба да биде подобра и посреќна.


Според теолозите, токму во житието на свети Василиј лежи причината поради која на овој ден се дели лепче со паричка.


– Во времето кога свети Василиј Велики станал архиепископ кесариски, епархот на Кападокија, кој бил многу алчен и груб човек, имал обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот. Кога на свети Василиј му јавиле дека епархот повторно доаѓа, тој побарал од богатите луѓе во Кесарија да ги донесат сиот свој накит и златници. Кога епархот пристигнал, свети Василиј го пречекал и му го понудил богатството. Епархот се изненадил и одбил да земе што било, ниту пак го ограбил градот. Свети Василиј останал со сиот накит и златници токму на новогодишната вечер, не знаејќи што кому му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, ги замолил готвачите да направат мали лепчиња за секој верник. Во секое лепче ставил малку накит и златници. На денот на Нова година, кога сите луѓе дошле в црква, тој на секој му дал по едно лепче. Тоа што секој го нашол во лепчето било токму тоа што претходно го дал – пишува во житието за свети Василиј.

Денеска именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка…

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.