ДЕЛИРИУМ НА СИНОЌЕШНАТА ЖУРКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО БЕРОВО.

ДЕЛИРИУМ НА СИНОЌЕШНАТА ЖУРКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО БЕРОВО.
август 26 02:32 2023

Позитивни вибрации од беровската публика и гостите од соседните градови на одржаната забава по повод 23 Август денот на ослободувањето на Берово. Беровци разиграни одлично се забавуваа и покажаа дека овој вид на културни забави им недостасува што покажува од позитивните реакции на сите присутни, кои беа воодушевени од организираниот настан.

Беровските Дџ артисти кои настапија на настанот, ја кренаа публиката која непрестано се движеше и ужибаше во електронските звуци.

-После подолг период во Берово се случи нешто како што треба. Позитивно сме изненадени сме од енергијата на самата забава каде сите ние се изнаигравме, се дружевме и забавувавме. Мислевме дека во Берово завршило времето на ваков вид забави, но синоќа Беровчани докажаа дека ако се сака може да се направи нешто квалитетно баш како овој музички настан. Ја поздравуваме идејата на организаторите и сакаме да потенцираме дека ваква забава ретко може да се случи во цела Македонија. Ги поздравуваме Дџ-ите кои внесоа одлична енергија помеѓу сите нас и апел за во иднина организаторите на настанот да продолжат со вакви забави почесто, бидејќи имате прекрасен парк кој треба максимално да биде искористен баш за вакви културни нешта – велат посетители од Скопје на настанот.

Позитивната страна на оваа забава се гледаше и помеѓу најмладите, кои заедно со нивните родители на почеток од настанот беа изненадени и непрекинато се забавуваа,

-Морам да ја поздравам забавата, прв пат нешто вакво се случува тука и многу сме радосни што со нашите дечиња непрекинато се забавуваме. Пријатно ни беше секако, а и музиката ни годи бидејќи ја немаме можноста да слушнеме ваков вид на музика. Локацијата е одлична па можам да кажам дека овој настан ќе остави траен белег на градот Берово и за организаторите на забавата. Имате едно големо браво од целиот град и само така продолжете – реагираат родителите.

Забавата одлично се вклопи со очекувањата на публиката, која се до 1 часот по полноќ одлично се забавуваше. Младите ентузијасти од Берово кои ја организираа забавата по повод 23 Август денот на Берово, покажаа дека љубовта кон нашиот град и луѓето кои живеат овде заслужуваат вакви културни збиднувања. Денешните коментари на публиката која од 7 до 77 беше присутна на забавата и на преставниците од беровските институции, позитивно ја поздравија иницијативата.

Упатуваме благодарност до сите помагатели на овој музички настан, без кои помогнаа за забавата:

-BS Sound

-Maleshnet

-Studio Drash

-Pcelka

-Refresh Cafe

-Bife Centar

-Sojka

-AYA design studio

-Advertala

– Филип Дујовски

– Игор Пехчевски

Во продолжение погледнете галерија од забавата:

  Категории: