ДЕВОЈЧЕ Е ПРВОТО НОВОРОДЕНО ДЕТЕ ВО НОВАТА 2023 ВО БЕРОВО

ДЕВОЈЧЕ Е ПРВОТО НОВОРОДЕНО ДЕТЕ ВО НОВАТА 2023 ВО БЕРОВО
јануари 11 11:07 2023

Првото новородено бебе во Новата 2023 година, во Берово, е женско, прво дете на семејството Зелнички, на мајката Марјана и таткото Благој.

Бебето е родено точно на 1 јануари, во Генеколошко акушерската клиника во Скопје.

Градоначалникот Пекевски, денеска во својот кабинет го прими среќниот татко и додели финансиски средства , од Буџетот на Општина Берово, во износ од 10.000,00 денари за првороденото дете, чии родители се жители на Општина Берово и 6.000,00 денари за новородено дете.

Тој упати честитки за новата рожба, посакувајќи им многу здравје, среќа  и успех на семејството Зелнички во новата година и среќно детство,  да расте со многу љубов и здравје, нивниот нов член.

Децата се најголемо богатство и најголема вредност, за едно традиционално семејство, а секоја нова рожба, носи нова  радост, нова надеж и иднина.

Како локална самоуправа, остануваме и понатаму посветени на стимулирање на наталитетот,со надеж дека  оваа година ќе имаме значително зголемување на бројот на новородени дечиња, кои ќе бидат нова генерација и наша иднина.

  Категории: