ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ:КАКВО БЕШЕ БЕРОВО ЗА ВЕЛИГДЕН ПРЕД НЕКОЈА ГОДИНА.

април 20 10:44 2020

Берово нашиот бисер на Македонија, од секогаш беше преполно за Велигденските празници.Овој период градот ги живееше најдобрите денови од годината, преполно со туристи од Македонија и соседните држави, сите сместувачки капацитети резервирани уште пред некој месец, а се бараа уште повеќе.Сите Беровчани кои живеат насекаде во светот, токму за Велигден се враќаа во својот роден крај, давајќи му душа и разнобоен културен карактер на нашето Берово, кое во овие празнични денови беше центарот на светот.

Сепак оваа година поради корона вирусот, сета таа навика и слика од претходните години, можеме само да си ја замислиме и да се потсетиме и раскажуваме за едни убави празнични моменти, кои на сите ни недостигаат.Но тоа е тоа, драги Беровчани, ние сме секогаш тука да издржиме и да ги поминеме сите препреки, за повторно да се врати во нормала нашиот град.

Берово ти си едно и единствено, ќе помине се и ти пак ќе блеснеш мој роден крају во својата убавина која е една и единствена и ти пак ќе бидеш нашата гордост и светлина која неуморно сјае.Ќе издржиме и ќе ти се вратиме сите повторно, тоа ти го ветувам, но овој пат, повеќе сплотени, силни и единствени….

Те сакам Берово мое.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.