ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ПОПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛОТ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ПОПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛОТ
октомври 05 10:46 2022

Драги учители, наставници, професори, просветни работници

Ви го честитам Светскиот ден на учителот, 5-ти Октомври, со желби за постигнување на големи успеси во доменот на Вашето работење, изведување на успешни генерации и секојдневно унапредување на вашата благородна работа.

Справени со големи предизвици со кои се соочува денешниот просветен работник, продолжете го процесот што со векови успешно се остварува, остварувајќи големи успеси и справувајќи се со предизвиците на новата технолошка ера, создавајќи перспективни генерации, чии умови се полни со знаење, умеење и креативност.

Како наставници професори и просветни работници бидете истражувачи и иноватори на наставниот процес и наставните содржини и секогаш правилен оценувач на ангажманот и знаењето на вашите учениците.

Квалитететниот наставен кадар, успешно го трасира патот на своите ученици, градејќи посветла иднина на поединецот во општеството.

Упатувам срдечни честитки по повод Светскиот ден на учителот, на сите просветни работници, со искрени желби за сплотено и постојано да работиме на унапредуваме на вашата работа!

Ваш Градоначалник
Звонко Пекевски