ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПРЕИМЕНУВАЊЕ НА УЛИЦАТА “20” ВО УЛИЦА “ЖАН КОФОЛ”

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПРЕИМЕНУВАЊЕ НА УЛИЦАТА “20” ВО УЛИЦА “ЖАН КОФОЛ”
ноември 29 10:45 2021

Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, поднесе иницијатива до Советот на Општина Берово, за преименување на улицата “20” во населбата Ширината,  во улица “Жан Кофол”.

Поднесената иницијатива, ќе биде разгледана на 3-тата Седница на Совет на Општина Берово, која ќе се одржи утре, а понатаму постапката за промена ќе се врши согласно Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти.

Иницијативата е поднесена за постхумно одликување, по името на овој хуман херој, кој загина во сообраќајна несреќа, а кој даде свој придонес во гаснењето на пожарите кои беснееја во Малешевијата.

Сметам дека именувањето на улицата, ќе значи за семејството на прерано загинатиот пожарникар, а од друга страна ние како општина постхумно ќе искажеме признание и благодарност за поддршката која што ја даде Кофол за Берово и Малешевијата. Почит треба да биде искажана на оние кои ја заслужиле.  Се надевам дека Советниците едногласно ќе ја прифатат оваа моја иницијатива и името и делото на овој млад пожарникар, никогаш нема да се заборави – истакна Градоначалникот Пекевски.

Жан Кофол го загуби животот во сообраќајна несреќа во близината на Нова Горица,  на 28 септември, еден ден пред неговиот 20-ти роденден.

Кофол беше меѓу најмладите доброволци кои пристигнаа од Словенија и со денови учествуваше во гасењето на огнената стихија во околината на Берово и Пехчево.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.