ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БЕРОВО, ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД 19 ВИРУСОТ.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БЕРОВО, ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД 19 ВИРУСОТ.
ноември 28 17:30 2020

Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски е позитивен на Ковид-19 вирусот. Пекевски кој во текот на изминатите денови имал благи симптоми направил тест, чиј резултат утврдил присуство на Ковид-19 вирусот. Во својата изјава до јавноста Пекевски вели дека своите работни обврски во време на изолација во наредниот период ќе ги извршува од својот дом.

  • Почитувани сограѓани, во време на здравствена криза, чувствувам обврска, да ве известам, дека по добивањето на благи симптоми и по направениот тест за Ковид 19, резултатот од моето тестирање излезе позитивен. Ве известувам дека, како општина, гарантирајќи ја здравствената сигурност на граѓаните, работните обврски, до завршување на периодот на лекување, ќе продолжам да ги извршувам од својот дом, истакна Пекевски.

Ова како што додаде градоначалникот на Берово е доказ е доказ дека вирусот никого не остава имун поради што упати апел до граѓаните за почитување на мерките за заштита.

  • Чувајте се, почитувајте ги мерките за заштита и придонесете за доброто во заедницата, заштитувајќи го колективното здравје, додаде Пекевски.

Во Берово во изминатите денови е забележано значително зголемување на бројот на новозаразени од вирусот поради што општината презеде низа дополнителни мерки за заштита на граѓаните


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.