Славниот Русинец Гоце Шутевски денес го посети јуначкото село Смилево во чест на војводата Даме Груев на денот на основањето на Македонската Револуционерна Организација – 23 Октомври. Тој беше на гробот и споменикот на војводата Груев и спомен куќата на Смилевскиот конгрес.
Шутевски веќе 14 дена е на пат со неговиот велосипед, а денеска беше придружуван од осуммина другари.
Гоце беше посебно топло примен од жителите на Смилево кои што го раскажуваат споменот за Даме Груев и нивната врска со село Русиново, во чија што близина Груев бил убиен, а подоцна и закопан на селските гробишта.
Одбележувањето на денот продолжи со посета на манастирот Свето Преображение во Зрзе, а вечерва ќе преноќи во прилепското село Костинци.