ГОРАН АЛАЧКИ ОД СРЕДБАТА СО РОМИТЕ ВО БЕРОВО: ЌЕ ЈА БРАНАМ КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА ПРЕД ОВИЕ СВЕТСКИ ИМИЊА

ГОРАН АЛАЧКИ ОД СРЕДБАТА СО РОМИТЕ ВО БЕРОВО: ЌЕ ЈА БРАНАМ КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА ПРЕД ОВИЕ СВЕТСКИ ИМИЊА
октомври 10 16:47 2021

Дојдовме овде да видиме да поразговараме малку, да се соочиме со нивното секојдневие, со нивната вистина со нивните проблеми и навистина ги имаат многу.Овде ги имаме победниците на еден од најголемите светски фестивали „Гуча“ господинот Уска Кан е до мене, легенда, светско музичко име.Јас како музичар ќе направам многу и моето име ќе го ставам на пиадестал и ќе ја бранам културата и уметноста пред сите овие светски имиња.Сите тие имиња ќе добијат посебен статус во општината, како наши амбасадори, ќе ја преставуваат општина Берово насекаде низ светот, меѓутоа официјално ќе добијат посебен статус и посебно место со пиетет – рече на средбата со граѓаните во Ромско маало во Берово,Горан Алачки, над партискиот кандидат за градоначалник на градот од партијата Интегра.

На средбата со граѓаните, Алачки ја презентираше неговата програма во која се содржани проекти кои ќе бидат насочени токму во културата и уметноста во Малешевијата, со посебен акцент на музичарите, а исто така и проекти во областа на туризмот во Берово каде има потенцијал да се развива и да биде препознатливо нашето место во светот.

Горан Алачки е добредојден кај сите Роми истакнаа граѓаните, бидејќи сите го познаваат и поголем број музичари Роми соработуваат заедно со него.Велат чесноста и квалитетот го китат неговиот карактер.Треба да има промени истакнаа, па затоа безрезервна поддршка даваат токму на Горан Алачки бидејќи е личноста која доаѓа од музичката уметност и знае како да ги реши проблемите со кои што се соочуваат сите музичари и културни работници во Малешевијата.

За членови на совет на кандидатската листа на Интегра, има тројца претставиници од Ромите, кои како и Горан Алачки кандидат за градоначалник на Берово, на гласачкото ливче се под реден број 20.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.