ВРВОТ ПЕТЛЕЦ ПОВТОРНО ЗАФАТЕН ОД ПОЖАР.

ВРВОТ ПЕТЛЕЦ ПОВТОРНО ЗАФАТЕН ОД ПОЖАР.
мај 01 21:40 2021

Нов шумски пожар денеска попладне избувна во Малешевијата. Гори мешана шума од боров насад и папрат кај месноста Петлец над село Русиново. Дојавата за пожарот е примена околу 17:00 часот, а како што информираше Сашко Руменовски, командир на Територијалната противпожарна единица, екипи на единицата, се уште се на терен во обид да го намалат интензитетот на огнената стихија.

-Се работи за шумски пожар, за кој имавме дојава во 16:59 часот. По дојавата наша екипа се упати на месноста Петлец со тим од тројца пожарникари и едно теренско возило. Во гаснењето поради непристапниот терен се користени и ,,напртњачи”. Остануваме на терен се до целосно ставање под контрола на пожарот, истакна Руменовски кој додаде дека пожарот е пријавен до беровската полиција.

Фото: Република

Апелираше на совесно однесување во природа и избегнување на палење запалливи предмети за време на празниците, бидејки штетите по шумското богатство се далекусежни.

Ова е втор пожар за два дена во беровско. Во текот на вчерашниот ден изгоре млад боров насад во близина на комплексот Аурора.

  Категории: