ВО ЏАМИЈАТА МЕХМЕД БЕГ ВО БЕРОВО, ОДБЕЛЕЖАН МЕСЕЦОТ НА РАЃАЊЕТО НА МУХАМЕД С.А.В.С

ВО ЏАМИЈАТА МЕХМЕД БЕГ ВО БЕРОВО, ОДБЕЛЕЖАН МЕСЕЦОТ НА РАЃАЊЕТО НА МУХАМЕД С.А.В.С
октомври 23 13:51 2021

Во рамки на одбележувањето на месецот на раѓањето на пророкот Мухамед а.с, вчера во градската џамија Мехмед Бег во Берово, беше организиран настан на кој присуствуваа голем број граѓани и гости од повеќе градови во Македонија како и гости од Турција.Настанот со свое присуство го удостои и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, каде присуствуваше на богатата програма во која своја настап имаа младите со изведба на исламски молитви, како и предавања на неколку професори и имами од нашиот и неколку други градови во државата.

Како што истакна имамот во градската џамија во Берово, Тахир Дестанов, овој месец се слави насекаде во светот, во чест на пророкот Мухамед а.с, бидејќи да не беше тој на овој свет, немаше ни ние да постоиме.

-Влезени сме во месецот кога е роден Мухамед с.а.в.с, последниот Аллахов божји пратеник, па поради тоа ние муслиманите во целиот свет го одбележуваме неговото раѓање.На денешниот настан имаме гости од Скопје, Тетово, Делчево, Кочани,Струмица, Виница, како и гости од Турција.Да не беше Мухаммед с.а.в.с ниту ние немаше да бидеме на овој свет – истакна Дестанов.

Геадоначалникот Пекевски кој прв пат учествува на ваква манифестација, истакна дека со овој чин се укажува на значењето на меѓурелигиското почитување на Христијаните и Муслиманите кои живеат во Берово и преставува пример за соживотот и меѓусебната почит на сите верници во општината.На настанот му беше доделена благодарница за неговиот ангажман за соживотот на населението во Берово.

-Вечерва по покана на имамот од Берово, присуствувам на манифестацијата поповод раѓањео на Мухаммед с.а.в.с со која сакаме да дадеме почит, да укажеме на значењето на негувањето на меѓурелигиските односи, почитта меѓу нас христијаните и муслиманите како една од силните страни на ниво на општина, да послужи како пример за соживотот мѓу сите религии на подрачјето на регионот и пошироко.Сакам да изразам благодарност за доделената благодарница од страна на имамот, која ќе остане во кабинетот на градоначалникот како знак на религиска почит од нашето секојдневно живеење – рече Пекевски.

Инаку пејгамберот Мухамед а.с е роден на 20 април во 571 година во Мека, град каде што се наоѓа Ќаба кон која Муслиманите се поставуваат кога клањаат намаз.

Неговите следбеници итаат по целиот свет за да го шират неговото учење. Исламот кој се стекнува со нова сила и нов динамизам набргу започнува со освојување на византиската и персиската империја на Сасанидите. За само 40 години се освојуваат територии на просторот од Кинескиот ѕид па се до Северна Африка, Анадолија и Шпанија. Исламот се шири на една пространа географија.

Исламот и денес се шири според учењето на пејгамберот Мухамед. Неговото учење пропагира праведно однесување кон немуслиманите и го забранува убивањето и геноцидот. Со години во регионите каде преовладува Исламот не се забележуваат асимилации, масовни уништувања и промена на верата со присила. Напорите кои што денес се забележуваат во западот за поистоветување на Исламот со тероризмот се сосема погрешни и немаат апсолутно било каква врака со Исламот како религија.

Ниту еден Муслиман кој е вистински верник и со здрав ум не би го присилил другиот да го прими Исламот. На муслиманските земји немуслиманите не се изложуваат на зулуми и притисоци. Овој хуман и праведен однос на Муслиманите кој што потекнува од учењето на пејгамберот Мухамед а.с. е истовремено и негов мираз.

Денес попладне поточно во 16 часот одбележувањето на раѓањето на пророкот Мухамед, со свечена пригода ќе се одбележи и во џамијата во соседно Делчево.

Видео од настанот:

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.