ВО ЧЕТВРТОК ШТРАЈК НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ПРИВАТНИ ШУМИ ОД МАЛЕШЕВИЈАТА.

ВО ЧЕТВРТОК ШТРАЈК НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ПРИВАТНИ ШУМИ ОД МАЛЕШЕВИЈАТА.
април 12 13:52 2022

Сопствениците на приватни шуми и имоти, во четврток од 9 до12 часот излегуваат на мирен протест пред Јавното претпријатие „Македонски шуми“ во Берово.Како што велат никој нема слух за решавање на ситуацијата со нивните приватни недвижни имоти кои се наоѓаат во делот на заштитеното подрачје „Малешево“, каде веќе одреден период неможат да ги извршуваат своите работи со што се доведува до прашање егистенцијата на околу 1500 вработени во Малешевијата.

-И покрај многуте состаноци и ветувања од локалните и државните власти за решавање на нашиот проблем, не наидовме на слух од надлежните па затоа ги повикуваме сите граѓани на Општина Берово кои имаат недвижен приватен имот во заштитеното подрачје „Малешево“ да излезат на мирен протест во четврток на 14.04.2021 и да дадат поддршка за во остварување на нашите цели:

  • Да се заштити сопственоста на недвижниот приватен имот во заштитеното подрачје Малешево.
  • Да се поништи одлуката донесена од Владата за заштитено подрачје врз приватните имоти на Беровчани – истакнаа сопствениците на приватни шуми.

Сопствениците на приватни шуми кои долги години егзистираат со обработка на дрво од нивните привтни имоти и обработливи земјоделски површини, дадоа дека не се противат на заштитата на природата, туку нивното несогласување е против заштитата на нивните имоти кои се наоѓаат во заштитеното подрачје.

-Нашата егзистенција е доведена во прашање.Ние не сме против да се заштити природата, но сме против прогласувањето на заштита врз нашите приватни имоти, бидејќи многу семејства егзистираат и преживуваат од нивните имоти.Ние само си го штитиме правото на сопственост со Уставот на РСМ – рекоа сопствениците на Приватни шуми.

Протестот како што истакнаа ќе трае се додека не се исполнат нивните барања и спремни се да ги радикализираат протестите и на повисоко ниво.

Претходно на одржаниот состанок во Берово каде присуствуваа претставници од ЈП „Македонски шуми“ од Скопје и Берово како и преставници на Фармахем, беше најавено дека позитивно биле прифатени барањата на сопствениците на приватни шуми, но сепак како што истакнаа сопствениците на приватен имот сето тоа било фарса.

Инаку на 14 Декември, Владата ја усвои предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитен предел, односно заштитено подрачје во категорија V.Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево изнесува 11460.89 хектари, во кој спаѓа и голем дел од приватниот имот на граѓани од Малешевијата.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.