Матична библиотека “Кочо Рацин” во соработка со ООУ “Ванчо Китанов ” од Пехчево, денес организираа втора промоција на книгата “Палави афоризмичиња” од македонскиот афорист Миле Ѓорѓијоски во подрачното училиште во с. Црник.
Целта беше едукација на учениците и запознавање со поимот афоризам. Авторот им го долови суштинското значење на зборот,а тоа им овозможи на учениците сами да создадат афоризми и преку цртежи да ги презентираат. Целта беше постигната и учениците и авторот беа задоволни.