ВО БЕРОВСКО РУСИНОВО ОДБЕЛЕЖАНИ 115 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ДАМЕ ГРУЕВ

ВО БЕРОВСКО РУСИНОВО ОДБЕЛЕЖАНИ 115 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ДАМЕ ГРУЕВ
декември 18 14:40 2021

По повод загинувањето на големиот македонски револуционер Даме Груев, денес од страна на ОК ВМРО ДПМНЕ Берово,беше организиран традиционален марш од с. Русиново до планината Петлец, местото каде пред 115 години згаснал неговиот живот.

На традицоналниот марш до Петлец „По врвиците на Војводата Дамјан Груев 2021“, присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, членот на Извршниот комитет, Драган Ковачки, како и градоначалниците на Пехчево и Македонска Каменица, Александар Китански и Димчо Атанасовски.

Чествувањето започна со панихида на гробиштата во Русиново, од каде присутните делегации на ОК ВМРО ДПМНЕ, како и претседателот на партијата Христијан Мицковски, се упатија и положија цвеќе на спомен обележјето во центарот на селото каде имаа и свое обраќање.

Апостолот на македонското револуционерно движење Даме Груев за граѓаните не беровско Русиново е од огромно значање и преставаува симбол на селото и симбол на истрајноста во борбата за слобода.

Овој настан традиционално со огромна почит се организира долги години наназад.

Даме Груев, токму на Петлец, во 1906 година, почина како и што живееше: храбро,тврдокорно, со мислата за Македонија.Тој е неизбришлив и безвременски патник кој никогаш нема да исчезне.

„Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај“ е една од познатите пораки на големиот македонски револуционер Даме Груев (1871-1906).

Крајот на неговиот млад живот бил во битка, една од многуте што ги имал. Но, за жал, не ја дочекал слободата на Македонија, за која од млад се борел. Сепак, неговото дело остана врежано, а неговиот лик и денес се почитува и чествува.

Во продеолжение погледнете го видеото од денешниот настан.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.