ВЛАДАТА ЌЕ ДОДЕЛИ СТАН ВО СТРУМИЦА НА СЕМЕЈСТВОТО БЕЛЧОВСКИ.

ВЛАДАТА ЌЕ ДОДЕЛИ СТАН ВО СТРУМИЦА НА СЕМЕЈСТВОТО БЕЛЧОВСКИ.
мај 07 18:23 2021

Владата ќе додели стан во Струмица на семејството Белчовски, објави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Министерот информацијата ја сподели на својот фејсбук профил.

„Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица.Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост, напиша Бочварски.

Во моментов во Струмица тече конкурсот распишан за доделување на социјални станови.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.