ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ЦЕЛАТА ДРЖАВАТА.

ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ЦЕЛАТА  ДРЖАВАТА.
септември 09 13:14 2021

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на Република Северна Македонија на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.  
 
За денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре (четврток, петок и сабота), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје.
 
Владата апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена.

  Категории: