Викендов ќе се одржи работилница со лицата заинтересирани за работа во Центарот за Прадер Вили синдром во Берово.

Викендов ќе се одржи работилница со лицата заинтересирани за работа во Центарот за Прадер Вили синдром во Берово.
март 30 20:47 2018

Се информираат лицата кои имаат поднесено своја пријава за учество на работилницата во врска со подетално запознавање со работата и отварањето на Центарот за Прадер Вили синдром во Берово дека истата ќе се одржи на на 31 март (сабота) од 10 до 16 часот и 1 април од 9 до 14 часот во Хотел Манастир во Берово.

На работилницата е потребно да се присуствува и на двата дена, по што ќе се добие соодветна потврда за поминување на обуката која има за цел да ги презентира активностите кои е потребно да ги извршуваат вработените лица во центарот на различните работни позиции.

Во согласност со повикот за пријавување на заинтересирани за обука за вработување во Центарот за Прадер Вили во Берово беа нотирани следните работни места:

Старатели

Квалификации: (гимназија, физијатар, социјален работник) лице со добри комуникациски вештини, јак физички изглед, возачка дозвола, по можност познавање на странски јазик

Опис на работно место: сменска работа (прва, втора и ноќна смена)-грижа за лицата во куќата, контролирање на личната хигиена на штитениците, спроведување на физичка активност, водење двевник за физичката активност за секој член со пресметување на , носење на резидентите до работно место/центар за лице со интелектоална попраченост, одржување на дворот заедно со резидентите, посета/работа на фарми/земјоделски/градинарски работи, генерална грижа за хигиената околу куќата.

Домаќин/ка

Квалификации: (гимназија) личност со добри комуникацски вештини, неконфликтна личност, по можност познавање на странски јазик

Опис на работно место (прва и втора смена) – планирање и готвење на оброците (главни и меѓуоброци), набавка на пренхрамбени производи во договор со резидентите контролирање на личната хигиена на штитениците, водење дневник за тежина/количина на изедена храна на секој од членовите, генерална грижа за хигиената на куќата и кујната,

Психолог

Квалификации: Факултет за психологија

Опис на работно место: 8 часовно работно време прилагодено према реџидентите работа со резиденти, справување со конфликти, изготвување на дневен распоред на активности на секој член, оценување на работна способност на секој резидент, контакт со психијатар по потреба

  Категории: