(ВИДЕО) СЕ РЕКОНСТРУИРААТ ТРОТОАРИТЕ НА УЛИЦАТА„БОРИС КИДРИЧ“ ВО БЕРОВО

(ВИДЕО) СЕ РЕКОНСТРУИРААТ ТРОТОАРИТЕ НА УЛИЦАТА„БОРИС КИДРИЧ“ ВО БЕРОВО
декември 01 15:35 2022

Во тек е реконструкција на тротоарите на ул.,,Борис Кидрич” во Берово, од крстосница со улици Вељко Влахович и Јуриј Гагарин, до крстосница со улица Гоце Делчев, во должина од 420 метри.

Ќе се поплочува тротоарот со бехатон плочки со дебелина од 6 cm,  на претходна подлога и поставен тампонски слој.

Ширина на тротоарот од десно и лево е проектирана на  2,0 m, додека  ширините на зеленилото, е променлива долж улицата.

Улицата  ,,Борис Кидрич” во Берово, е влезна улица,  од патниот правец Стумица-Берово и го поврзува градот со четирите населени места, на територијата на општина Берово,  Двориште, Ратево, Русиново и Владимирово.

Улицата е влезна артерија на градот и  е една од најпрометните улици во градот,  па така подобрувањето на инфраструктурата значително ќе влијае на подобрувањето на безбедноста и сигурноста на учесниците во сообраќајот, а сособено на пешаците, кои често пешачат во овој дел од градот.

Одобрените средства како што истакна градоначалникот Звонко Пекевски се во износ од  2.421.586,00 денари, преку Бирото за регионален развој и Владата на РСМ.  Вкупната вредност на договорот е 2.603.098,00 денари, при што општина Берово, од сопствениот Буџет, ќе издвои средства во износ од 181.512, 00 денари, за реализација на овој проект.

-По аплицирање на повикот на Бирото за регионален развој, Општина Берово доби средства преку програмата за урбани подрачја, да извршиме изградба и реконструкција на тротоари на улицата „Борис Кидрич“. Таа самата е влезна улица со регионалниот пат Берово-Струмица и веќе економскиот оператор е воведен во градба, дел од градежните работи се почнати и се надевам во зависност од временските услови, едната страна ќе биде целосно поставена со бекатон, на тој начин би овозможиле да пешаците при движење по улицата да имаат соодветен простор, да се зголеми нивната безбедност, а се намали ризикот од ситуација во која може да дојде до несакани последици. Срредствата се обезбедени, временските рокови се утврдени и операторот треба да ги заврши градежните работи согласно договорот. Станува збор за инвестиција од 2.603.098 денари, кои 80% се обезбедени од Бирото за регионален развој, а останатите средства се буџетско учество од Општината – рече градоначалникот Пекевски.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.