(ВИДЕО) ОДБЕЛЕЖАН МЕСЕЦОТ НА РАЃАЊЕТО НА МУХАМЕД С.А.В.С ВО ЏАМИЈАТА „СУЛТАН МЕХМЕД ФАТИХ II“ ВО ДЕЛЧЕВО

(ВИДЕО) ОДБЕЛЕЖАН МЕСЕЦОТ НА РАЃАЊЕТО НА МУХАМЕД С.А.В.С ВО ЏАМИЈАТА „СУЛТАН МЕХМЕД ФАТИХ II“ ВО ДЕЛЧЕВО
октомври 24 23:08 2021

Роденденот на пророкот Мухамед е трет датум на почитување за муслиманите. Првите две места ги заземаат празниците што ги прославил Пророкот за време на неговиот живот-Курбан Бајрам и Рамазан Бајрам.

Месецот на раѓањето на Мухаммед с.а.в.с. традиционално вчера вечер се одбележа во џамијата „Султан Фатих Мехмед II“ во Делчево, каде со свечена манифестација се означи овој значаен датум за сите муслимани како во градот така и во целиот свет.

Како што истакна имамот во градската џамија во Делчево, Сефадин Селимовски, на овој значаен ден за сите верници од исламска вероисповед, насекаде во светот се прави Мевлид, се полнат цели плоштади и стадиони со цел да се одбележи раѓањео на последниот божји пратеник Мухаммед с.а.в.с.

-Традиционално секоја година организираме одбележување на денот на раѓањето на Мухамед с.а.в.с кој муслиманите го слават низ целиот свет, се собираат во голем број, се полнат цели плоштади и стадиони во чест на последниот божји пратеник Мухаммед с.а.в.с. Значењето на овој ден за муслиманите е големо.Ќе земем еден пример, дека во последно време се идеализираат погрешни луѓе и никако да се земе пример од вистинските луѓе, од вистинските лидери, од вистинските луѓе кои упатуваат на нешто што е добро.

Во човештвото има криза и кризата е јасна, јасна е себичноста на луѓето.Мухаммед с.а.в.с не учи на нешто подруго.Не учи со векови наназад, на нешто поубаво и повистинито, а тоа е прво да се сакаат луѓето помеѓу себе, да имаат сочуство, да се грижат за другите повеќе отколку за себе.Да внимаваат на старите, да ги изучуваат младите, да ги едуцираат оние кои не се едуцирани, да градат соживот помеѓу луѓето.Тоа е пораката на Мухамед с.а.в.с и таа порака е за целото човештво.Тој дојде и ја пренесе објавата од единствениот Бог, Аллах едниствениот створител, ја пренесе пораката на вистината, пораката на вистинската и единствената вера, вера која поттикнува кон добро и вера која забранува се што е зло.Тоа е пораката на Мухаме с.а.в.с да се верува во еден единствен Бог и да се прифати пратеништвото на Мухамед с.а.в.с – истакна имамот Селимовски.

Имамот Селимовски кој е по потекло од Берово, а веќе четири години работи во Делчево, потенцира дека соживотот меѓу луѓето од сите религии во градот е на високо ниво, сите заедно работат, се дружат, заедно се веселат, а тоа докажува дека источна Македонија е посебно парче место од целата држава каде меѓурелигиските односи високо се почитуваат.

На манифестацијата поповод раѓањето на Мухамед с.а.в.с, во џамијата во Делчево, присуствуваа голем број луѓе, како и гости од повеќе градови во Македонија и преставници од ИВЗ, каде се пееја молитви и се држеа говори и предавања за животот на Мухамед с.а.в.с и исламската вера.

Во деновите на прославата на роденденот на пророкот Мухамед, најбожно дело може да биде посета на гробот на Аллаховиот Пратеник во Медина, молејќи се во неговата џамија. Не секој успева, но секој треба да чита молитви посветени на Мухамед, и во џамија и дома.

На роденденот на пророкот Мухамед, традиционално се одржуваат Мавлиди во исламските земји – свечени настани каде муслиманите го фалат Пророкот, зборуваат за неговиот живот, за неговото семејство и сe што е поврзано со него.Во некои муслимански земји, празникот се слави прекрасно – во градовите закачуваат плакати со стихови од Светиот Куран, луѓето се собираат во џамии и пеат верски песни (нашидс).

Според исламската традиција, роденденот на пророкот Мухамед или Мавлид-на-Наби се слави на 12-тиот ден од 3-тиот месец од муслиманскиот лунарен календар.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.