ВИДЕО: Колку се заработува, а колку се трошоците во Гермнија?

ВИДЕО: Колку се заработува, а колку се трошоците во Гермнија?
април 04 00:20 2018

Многу луѓе од нашите краеви веќе си ја побараа среќата во Германија, а други планираат таков потег. DW – Босна и Херцеговина, направи прилог за тоа како се живее во Германија.

Ако се вработите како градежни инжинери, во просек ќе заработите 3.000 евра бруто, значи 2.000 нето. Архитектите заработуваат слични износи, додека лекарите и математичарите заработуваат по 600, а информатичарите по 300 евра повеќе.

Келнерите, куварите и фризерите месечно примаат 1.000 евра, плус напојници. А автомеханичарите, електричарите и молерите околу 1.300 евра.

Се поголем број нови гастарбајтери од југоистокот на Европа во Германија работат како негуватели и медицински техничари. Просечанта плата на негувателка со искуство изнесува 2.400 евра бруто, што е околу 1.600 евра нето.

Од тие пари, на стан и режиски трошоци, во зависност од градот на живеење, одат најмалку 600 евра. За храна во просек се издвојуваат 280 евра – по лице, додека месечна карта за превоз чини од 50 до 100 евра.

  Категории: