(ВИДЕО) ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА КРАК НА УЛИЦА „ПРОХОР ПЧИЊСКИ“ ВО РОМСКОТО МААЛО ВО БЕРОВО.

(ВИДЕО) ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА КРАК НА УЛИЦА „ПРОХОР ПЧИЊСКИ“ ВО РОМСКОТО МААЛО ВО БЕРОВО.
јуни 16 10:52 2021

Општина Берово во соработка со општина Штип и Зелен Институт – Скопје, во рамки на проектот “Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живот во ромските населби”, започнуваат со извршување на инфраструктурни зафати за подобрување на условите за живот во Ромското маало во Берово.

Со изградба на крак од ул.,,Прохор Пчињски”, започнуваат инфраструктурните активности во Берово.Вчера беше воведен во градба економски оператор и наскоро ќе започне изградбата на кракот од улицата, во должина од 65 метри, каде што  ќе се изврши расчистување, нивелирање, тампонирање и поставување на ивичнаци и бехатон плочки.

Оваа улица е пристапна улица до центарот на градот и е често користена улица како премин,  а се наоѓа во ромското маало.

Како што истакна Градоначалникот Пекевски, на задоволство на граѓаните на Општина Берово, конечно кракот од  ул.,,Прохор Пчињски” , е реалност. Проектот има поголема временска рамка но и поголем обем на активности. Најпво се предвидени инфраструктурните активности, понатаму набавка на контејнери и индивидуални канти за отпад за семејствата, како и приклучување на електрична енергија.

Граѓаните пак кои живеат на оваа улица веќе 30 години мака мачат со најдојдените води и калта.Се надеваат дека со изградбата на оваа улица ќе се решат нивните долгогодишни проблеми.

Во рамките на истиот е предвидено : донесување на ДУП и ГУП во износ од 15 хектари во ромската населба, легализација на бесправно изградени куќи во сопственост на ромски семејства, рехабилитација и реконструкција на 15 куќи на ромски смејества кои живеат во несоодветни и штетни услови, реконструкција на 250 м фекална канализација, приклучување на вода на 7 семејства кои не се приклучени.Како што додаде, со реконструкцијата на оваа улица, го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните и им овозможуваме полесна пристапност и соодветна инфраструктура.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.