(ВИДЕО) ВО БЕРОВО СВЕЧЕНО ОТВОРЕН КОМПЛЕКСОТ „SQUARE LUXURY APARTMENS“

(ВИДЕО) ВО БЕРОВО СВЕЧЕНО ОТВОРЕН КОМПЛЕКСОТ „SQUARE LUXURY APARTMENS“
јануари 16 21:53 2023

Со прекрасна забава и огномет, вчера во Берово свечено беше отворен комплексот „Square luxury apartments“. Новиот комплекс „Square luxury apartments“ се наоѓа во центарот на Берово и располага со 10 луксузно опремени апртмани, кои се удобно опремени со прекрасен амбиент и одлична комбинација на инспиративни бои. Како што истакна сопственикот Борис Магдов, ова е негова животна желба за таков вид на апартмани и токму во срцето на Берово, неговата желба стана реалност.

-Ова е мојата идеја уште поодамна, па еве сега конечно стана и реалност. Берово ги добива единствените уредени луксузни апартмани од таков вид, каде секој може во секое време да дојде и да ужива во понудата на „Square luxury apartments“. Со свечена забава вчера токму на мојот роденден беше отварањето на апартманите, каде во една пријатна атмосфера заедно со моите познаници и пријатели ги означивме почетокот на новиот комплекс апартмани во нашиот град. Уредувањето на комплексот и сите 10 апартмани како и посебните простории со брачен кревет се заедничко дело на архитектот Лилјана Димевска и самиот јас. Па затоа еве ги поканувам сите кои се заинтересирани и кои на еден поинкав начин сакаат да го диживеат туристичко Берово, да дојдат да не посетат во самиот центар на градот и да се чуствуваат удобно – истакна сопственикот Борис Магдов.

Берово со ова најново дополнување во градот добива луксуно место за сите љубители, посетители и туристи, кои сакаат да уживаат во посетата на градот. Апартманите се најдобро опремени, додека изборот на топлите бои кои во комбинација со прекрасниот ентериер го доловуваат модерениот начин, удобноста и уживањето во посетата на градот.

Информации и резервации на тел: 070 583-100

Упатуваме честитки до сопственикот и му посакуваме успеси во иднина за ова прекрасно место кое го краси нашиот град Берово.

Во продолжение погледнете дел од свеченото отварање на Square luxury apartments во Берово: