ВЕЧЕР ЗА ПАМЕТЕЊЕ НА ПОЧЕТОКОТ НА ФЕСТИВАЛОТ „ПОВИКОТ НА МАЛЕШЕВИЈАТА“

ВЕЧЕР ЗА ПАМЕТЕЊЕ НА ПОЧЕТОКОТ НА ФЕСТИВАЛОТ „ПОВИКОТ НА МАЛЕШЕВИЈАТА“
јули 17 18:08 2021

Првиот ден на фестивалот „Повикот на Малешевијата“, кој започна вчера и ќе трае уште следните два дена, беше одбележан со прекрасна атмосфера и обединувачка енергија меѓу сите присутни.Уште на самиот почеток на фестивалот, сите присутни кои ги имаше во голем број, беа позитивно изненадени од организацијата и местположбата на настанот, додека вечерта беше за паметење со настапот на Дј Думлоаф, кој на стартот ги подргеа присутните, а колуминацијата се случи со настапот на Дј Дидо и Дј Сене, заедно со Ем Си Драш кои ја запалија сцената и ги разиграа тотално сите посетители со одличните звуци на хаус и техно музиката.

Ова покажува дека на Берово му фалат вакви случувања од ваков тип, каде се шири љубов,дружба и позитивна енергија меѓу сите.

Вечерва на сцената ќе настапат нашите добро познати пријатели од рок групата „Хот Лајн“, како и Дј Гина040 и нашиот Дј Гиш.Дојдете и забавувајте се.

Фото: Стојан Рашков