ВЕЧЕРВА НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС,ДВИЖЕЊЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА Е СЛОБОДНО.

ВЕЧЕРВА НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС,ДВИЖЕЊЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА Е СЛОБОДНО.
мај 12 13:46 2021

Вечерва поради верскиот празник Рамазан Бајрам граѓаните без никакви ограничувања ќе можат да се движат во текот на ноќта.Одлуката која беше претходно донесена вели дека ноќта меѓу 12 и 13 мај нема полициски час.  Од четврток пак, стапува на сила нова олеснителна мерка со која полицискиот час ќе почнува од полноќ и ќе трае до 5 часот изутрина. Ваква одлука донесе Владата, со што се олабавуваат дел од рестриктивните мерки коишто беа на сила поради пандемијата со Ковид-19.

Угостителските објекти ќе може да работат до 23.30 часот. Од денес, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор. Од денес се отвараат и вежбалните, фитнес центрите и теретаните.

Mинистерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести се  врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во земјата.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.