БЕРОВО ЈА ОДБЕЛЕЖА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ.

септември 21 22:04 2018

Околу 140 учесници на велосипед, денес продефилираа низ улиците на Берово со цел да ја одбележат Европската недела на мобилност или денот без автомобили.Општина Берово во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање како и основното и средното училиште во Берово се вклучија на настанот со цел да ги поттикнат сите граѓани да ги остават своите автомобили овој ден и да придонесат за поголема еколошка свест и сообраќајната култура.

Учениците од основното и средното учлиште во Берово, масовно присуствуваа  на настанот, каде заедно со градоначалникот Пекевски ја извозија маршутата околу неколку улици во градот каде сообраќајот беше забранет.

Министерството за животна средина и просторно планирање секоја година  од 16 до 22 септември ја организира Европската недела на мобилност во повеќе урбани средини, додека Берово традиционално по шести пат се вклучува во одбележувањето.Европската недела на мобилност првпат беше иницирана во Франција  во 1998 година, а во Македонија официјалното одбележување започна во 2001 година.

  Категории: