БЕРОВО ГО ОДБЕЛЕЖУВА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

БЕРОВО ГО ОДБЕЛЕЖУВА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
декември 02 14:07 2022

Со пригодна програма, во пресрет на 3 декември – денот, кој не обврзува да ставиме акцент врз човекот, а не на неговата попреченост, денеска го одбележивме меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Во Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост, беа изведени неколку точки од учениците од ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”,во центарот, на плоштадот ,,Димитар Беровски”, свој настап имаа учениците од ООУ ,,Никола Петров Русински”, корисниците од Дневниот центар, делеа флаери, а во чест на денот, на плоштадот заеднички се играше оро.

Трети декември е меѓународен ден, посветен на лицата со попреченост, кој со себе ја носи емпатичноста, принципите на еднаквост, солидарност, недискриминација , инклузија и праведност.

-Со најискрени честитки и желби, на овој ден, кој е посветен на лицата со попреченост, искрено, од срце посакувам, да продолжиме да градиме едно општество за сите и да ги унапредуваме условите за лицата со попреченост.Во заложбите за подобрување на животот на сите граѓани, лицата со попреченост, секогаш ќе ја добијат мојата  максимална поддршка и поддршката од општина Берово- истакна градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

Светскиот ден на лицата со посебни потреби, е само аларм за свест, потсетување, дека на овој свет, сите сме еднакви и не смеат да постојат никакви бариери.

Наша заедничка должност и мисија, е сите потреби на лицата со различни попречености, во целост ги задоволиме, затоа што се дел од заедницата, општество и затоа што тие тоа го заслужуваат.

  Категории: