Истражувањето на природните убавини, спојот на природата и традицијата се предизвици на кои ретко кој може да им одолее. На територијата на Општина Берово има маркирано пет пешачки патеки. Дел од пешачките патеки може да се искористат и за mountain bike. Доколку немате сопствен велосипед, може да се изнајми во гра – дот- во туристичкиот центар.

Патека 1: Трансверзална патека која ги поврзува најјужниот и најсеверниот дел на Малешевијата со вкупна должина 45 километри и искачување на висинска разлика од 730 метри. Време на минување 12 часа. Заради должината и траснсверзалниот карактер на патеката препорачливо е користење на локани водачи. Места за одмор во с.Двориште, бачило во близина на Караула Дивна, мотелот кај симнувањето на клепалска река, во близина на симнувањето кај Равна Река.