(ВИДЕО) АХМАДИЈА МУСЛИМАНСКАТА ЗАЕДНИЦА СО УТРИНСКА МОЛИТВА ГО ЧЕСТВУВА ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ

(ВИДЕО) АХМАДИЈА МУСЛИМАНСКАТА ЗАЕДНИЦА СО УТРИНСКА МОЛИТВА ГО ЧЕСТВУВА ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ
април 10 12:50 2024

Утрово со бајрамската молитва на исламските верници во Македонија и во светот, започна да се празнува големиот исламски празник Рамазан Бајрам.По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денес во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз.

Годинешниот Рамазан Бајрам, беше одбележан и во исламскиот центар на Ахмадија Муслиманската заедница во Пехчево, од каде членовите упатија честитки со желба за толеранција, хуманост и вистински вредности за најголемиот муслимански празник на сите верници.

Имамот пак Васим Ахмад во своите честитки до сите муслимани, се осврна на пораките за мир и прекин на војните во Палестина и Украина.

Во месецот Рамазан верниците подготвуваат богата трпеза, баклавата се подготвува ден претходно, а денеска на Бајрам домаќинките подготвуваат разни богати јадења.

Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на светата книга Куранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена.

Рамазан-Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина. Ден кога сиромашните се радуваат во удобностите на животот, ден кога роднините се сретнуваат во благодет и внимание еден за друг, ден кога муслиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, ден кога благородниот дух ги простува грешките на другите и се соединува по разделбата.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани на Република Македонија.

  Категории: