Под мотото „Љубов секому, омраза никому“, Ахмадија муслиманската заедница во Македонија, во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, денес доделија прехрамбени пакети за граѓаните во Берово, Пехчево, Црник и Валандово.
Повеќе од 100 пакети беа доделени на најранливите категории лица без разлика на верската припадност, а уште тројно повеќе оваа хуманитарна акција продолжи и во останатите места во државата. Како што додаде Џафер Дестановски член на Ахмадија заедницата, ваквите хуманитарни акции се основен белег на оваа организација кои се спроведуваат не само за овој месец туку во текот на целата година каде е најпотребна помош.
Васим Ахмад кој е имам на АМЈ во соседна Србија, беше присутен на денешниот хуманитарен настан, потенцирајќи важноста за помош на секој граѓанин, љубовта и грижата за човештвото и пораките за мир помеѓу секого врз кои се темели оваа организација, која е препознатлива со нејзините хумани дела насекаде во светот.
Инаку секоја година Ахмадија заедницата обезбедува хуманитарни пакети за сите граѓани на кои навистина им е потребна помош, без разлика дали се христијани или муслимани, а целта е секоја да ја почувствува топлината и убавината на празникот Бајрам и љубовта кон секој човек .
По месецот на постот кој трае уште три дена, муслиманите во среда ќе го прослават, најголемиот празник Рамазан Бајрам, додека Ахмадија заедницата активно повеќе од 25 години работи на овие простори со огромни резултати на почит и соработка помеѓу луѓето.