АУРОРА РЕСОРТ И СПА ВО БЕРОВО СЕ ЗАКИТИ СО УШТЕ ЕДНА ЗЛАТНА СТАТУЕТА: THE BEST Wedding Mountain Resort & Air Spa

АУРОРА РЕСОРТ И СПА ВО БЕРОВО СЕ ЗАКИТИ СО УШТЕ ЕДНА ЗЛАТНА СТАТУЕТА: THE BEST Wedding Mountain Resort & Air Spa
декември 06 14:38 2023

На “Балканските награди на туристичката индустрија 2023” која се одржа доцна синоќа во хотел “Hyatt Regency” Софијa, Aurora Resort & Spa се здоби со уште една златна статуа со номинација: THE BEST Wedding Mountain Resort & Air Spa. “AURORA RESORT & SPA”. Наградата ја подигна менаџерот на хотелот, Аврамовски Бојан, а за успехот на хотелот и новата награда се заблагодари на подршката и напорната работа на целиот тим во хотелот, како и на позадината и константната посветеност на самите сопственици.

– Горд сум на досега сработените ангажмани и успеси, мотивирани за уште поголеми успеси продолжуваме напред, со уште поголеми понуди и услуги. Заедно чекориме напред. Да ни се множат признанијата и успесите – истакна Аврамовски.

Инаку Аврамовски во хотелот работи од 2018 година до 2020 како Food and Beverages Manager, а веќе од 2020 до ден денес како Operations Manager, кој со претходното искуство во Дубаи, одлично ги склопи коцките на успехот кој го поседува беровскиот ресорт Аурора. 

-Моето искуство во туризмот започнува во 2013 година, на моја 21 годишна возраст, кога заминав во Ocean City Maryland, USA преку програма за студенти што ја водеше туристичката агенција Aurora Tours, Skopje, North Macedonia (матица на хотел Аурора Ресорт и Спа, a со задоволство ќе речам и матица на мојата кариера во областа на туризмот.) Подоцна во 2014 година заминав во Дубаи, Соединетите Арапски Емирати, каде преку многубројни проекти, тренинзи и натпревари, моето знаење во оваа индустрија го богатев работејќи во едни од најлуксузните хотели во тоа време Le Royal Meridien Beach Resort and Spa и Grosvenor House Luxury Collection. Приказната од Дубаи ја завршив во 2018 година, кога повторно се вратив во Македонија и наново ја продолжив мојата кариера во Аурора Ресорт и Спа (ќерка на Аурора Турс), една од најуспешните и најстари туристички агенции во Македонија, со над триесет годишно искуство – рече Аврамовски.

Успешната приказна во која се развивала и растела Аурора Турс, доживеала вистинска експанзија, со раѓањето на Аурора Ресорт и Спа во 2011 година. Патувањата, истражувањата и искуствата од хотели и атракции на ексклузивни дестинации ширум светот, собрани во пакет, разбудиле желба и идеа за нови предизвици и почетоци.

Семејството Аурора порасна, се роди Аурора Ресорт и Спа.  Атрактивна дестинација, 1100 метри надморска височина, терен кој плени со зеленило и борова шума, коридор со висока кислородна концентрација, вгнезден на позиција која плени погледи кон раскошноста  на еден од најубавите канјони на Малешевските Планини, распостран на површина од 5 хектари, рефлектиран од блесоците на Беровското Езеро оддалечено на стотина метри, камен по камен, дрво по дрво, по светски стандарди и критериуми, никна едно од нашите најголеми достигнувања на кои сме посебно горди, се дел од зборовите на сопствениците на Аурора, кои за жал не успееа да присуствуваат на овој голем настан за нив, за семејството, за Аврамовски, за целиот тим и името на хотелот и брендот.

Изграден од локален вулкански камен, користејќи исклучиво еко продукти, Аурора Ресорт и Спа е вистински ЕКО – РЕСОРТ, единствен во регионотм, ВОЗДУШНА БАЊА. Поставеноста, содржината, уредувањето како и високите стандарди имплиментирани и во најситни детали, отвирија нова ера на туризмот во тоа време.

Со своето рустикално уредување, професионалниот и обучен персонал од четириесет и пет лица, сместувачки капацитет од различен карактер, комодитет и тип, конгресни сали уредени по највисоки стандарди, модерен ресторан со интернационална кујна, летни и зимни барови со тераси, СПА кој нуди внатрешен затоплен базен, парна бања, сауна, џакузи, центар за релакс и масажа, фитнес и теретана како и  надворешен затоплен пливачки базен, ресортот е категоризиран со 5 ѕвездички. Вистинско ремек дело, симбол на градот Берово. Атракцијата која брзо стана амбасадор на туризмот во Македонија, привлече голем број посетители и гости од Балканот, Европа и Светот. 

Хотелот кој според Daily Telegraph и National Geographic Balkans, е прогласен за еден од најубавите комплекси во овој дел од Европа и пошироко е добитник на многубројни награди, признанија и пофалници од меѓународен карактер. Идеалната поставеност и погодната 4 сезонска клима, го издигна ресортот на ТОП листата за најпобарувана дестинација преку текот на целата година за одмор и релаксирајне на планина, давајќи му на планинскиот туризам една нова слика во тоа време.

Со своите содржини хотелот е идеален организатор на Тим билдинзи, конгреси, семинари, самити и конференции од висок карактер. Адреналинските активности, велосипедски и џип сафари тури, јавање коњи, активности за деца, летен и зимен детски клуб, спортски терени, пешачките патеки, создадоа и  создаваат спомени за паметење. Хотелот стана новиот планински дом на домашни и странски туристи. Дестинацијата е отклучена, создадовме семејсво од редовни постители и клиенти кои ја уживаат нашата доверба повекекратно во текот на целата година.

Љубители на природата и уметноста, ова е најубавата галерија кој може да ја посетите на едно место. Уникатни слики и уметнички дела, инспирирани и насликан токму овде, ги красат нашите ѕидови и простории со боја на платна сликани од високо чујни уметнички раце. Познати сликари и уметници од Македонија, соседството и светот ги оставија своите творби на платно овде, раскажувајќи ја својата колоритна приказна на платно. Заштитници на природата, Аурора Ресорт и Спа е резерват на фамилијата срни. Редкиот род кој природно ги красеше Малешевските шуми, во фаза на изумирање во денешницата, живее и се размножува во нашата оаза и денеска брои 40 единки од машки и женски род. Израснати и опитомени овде, нашето семејство срни се една од најголемите атракции на поситителите. Нивната природна кроткост, опитомени од љубовта подарена овде, ги претвора во вистински пријатели на дечињата и посетителите, чиј број од ден на ден расне.

Упатуваме честитки до тимот на Аурора Ресорт и Спа, за уште поголеми успеси во иднина.

  Категории: