АНКЕТА: ДАЛИ СТЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА МАРИХУАНАТА?

АНКЕТА: ДАЛИ СТЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА МАРИХУАНАТА?
март 02 21:16 2022

Овој пат ве прашуваме и ги очекуваме вашите размислувања во коментар.Дали сте за легализација на марихуаната?
Владата во следниот период ќе ги интензивира политиките и активностите за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки од канабисот.

„Законодавството, покрај регулирањето на правата на лиценцираните правни лица – производители, има потреба од сериозно надополнување по однос на личната употреба на канабисот на граѓаните и решавање на ова актуелно прашање. Имајќи го предвид фактот што засега голем број граѓани се прогонувани заради употреба на природната билка канабис, што ги става во неповолна положба во однос на другите граѓани, а со тоа им се загрозуваат нивните лични човекови права загарантирани со Уставот и меѓународните ратификувани договори, се попречува личниот и економскиот просперитет и социјален развој, се вели во предлог-програмата на Владата доставена до Собранието на 11.01.2022.

Владата во следниот период ќе работи на следниве прашања пренесува Фокус:
-Декриминализација и легализација на поседување и лична употреба;
-Декриминализација на одгледувањето на растенија за лична употреба;
-Разгледување можности за основање и работење на социјални клубови;
-Зголемување на бројот на здравствени состојби за кои може да се користи канабис;
-Дозвола за лекари од приватното здравство да препишуваат препрати од канабис и
можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може
сам да си одгледа и користи во форма во која најмногу му одговара за неговата состојба
(орално, преку инхалација или преку супозитории);
– Основање на агенција за канабис (и во нејзин склоп);
-Формирање фонд од давачките што ќе ги плаќаат правните лица кои произведуваат и
тргуваат со канабис.

Се погласни се најавите дека во иднина следува легализација на канабисот, па така од здружението „Билка“ за Денар велат дека властите од јули оваа година треба да дозволат граѓаните слободно да може да консумираат канабис.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.