Ќе се покачи цената на домашната ракија. Со оваа мисла легнувата и стануваат и производителите и купувачите, откако државата најави дека отсега за секое литро произведена домашна ракија со просечна јачина од 45 степени, ќе се плаќаат по 30 дебари акциза.
Производителите веќе ја прават математиката, но не радо, зашто се плашат дека повисоката цена ќе им донесе помалку купувачи:
Домашната ракија е еден од најтрошените жестоки алкохолни пијалоци кај нас. Поради ова, најавите еден од омилените пијалоци да се плаќа поскапо, не ги радува овдешните жители:
Дополнително, цената на ракијата варира во зависност од сезоната. Годинава за лозарите таа не беше добра, па можно е ракијата да се покачи и за повеќе од 30 денари по литар:
Речиси и да нема семејство во македонија кое дома нема домашна ракија. На есен, казаните се поставуваат во многу дворови, но колку ракија се вади државата нема евиденција, зашто тоа никаде не се пријавува и контролира.
Според новиот предлог-закон за акцизи кој е во фаза на подготовка, годишно секој посдинец ќе може да произведе најмногу 1.000 литри чист алкохол, а оние кои ќе се одлучат да продаваат, ќе мора да бидат регистрирани во Царина.
Акцизата од 30 денари по литар, ќе се плаќа за количини поголеми од 100 литри.
Извор: Тв Стар