СТАВЕНА ВО ФУНКЦИЈА АПЛИКАЦИЈА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИНФОРМАЦИИТЕ ОД АГРОМЕТЕРОЛОШКАТА СТАНИЦА ВО БЕРОВО.

СТАВЕНА ВО ФУНКЦИЈА АПЛИКАЦИЈА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИНФОРМАЦИИТЕ ОД АГРОМЕТЕРОЛОШКАТА СТАНИЦА ВО БЕРОВО.
декември 16 22:06 2020

Во близина на имотот на ,,Малеш Бреза”, на влезот во Берово, неодамна е поставена агро-метеоролошка станица за заштита на земјоделските култури.

Станицата има софтвер, кој на секои 10 минути ги мери и ги запишува податоците, кои потоа се трансферираат на сервер, од каде се праќаат на мобилна апликација (Meteobot) која може да се инсталира на секој мобилен  и секој корисник може да пристапи бесплатно до истите и да ги следи овие информации што ги нуди агрометеролошката станица за секоја општина поединечно.

На истата ќе може да се најдат податоци за присуство на полен, реума и мигрена. Оној дел што е за земјоделците, за секоја општина има предвидено соодветна култура и самите земјоделци можат да следат кога настанува некоја болест, кога не треба да прскаат кога треба да се прска. На тој начин ќе ги намалат своите средства што ќе значи намален трошок за нив и поздрава животна средина. Во секоја општина по една станица ќе биде достапна за еден модел за прогноза и сите болести кои се вклучени и зависат од временските услови.

Вредноста на проектот, е 2,16 милиони денари кои се обезбедени преку Програмата на инклузивен и рамномерен одржлив регионален рамномерен развој и истиот е финансиран од Швајцарската агенција за равој и соработка и Министерството за локална самоуправа.Вакви станици се поставени уште во 11 општини во Источно планскиот регион.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.