СЕКОЈА ЧЕТВРТА СМРТ НА РАБОТА ВО ДРЖАВАТА СЕ СЛУЧИЛА ВО ИСТОЧНИОТ РЕГИОН.

мај 03 00:13 2018

Секоја четврта смрт на работа во државата се случила во Источниот регион. Ова го покажува последниот Извештај за безбедноста при работа на Македонското здружение за заштита при работа.

Имено, според него, на ниво на државата минатата година, на работното место починале 24-ца граѓани, од кои 6 се жители на Истокот. Од нив, по двајца работници загинале во Виница и Делчево, еден во Берово и еден во Кочани.

Кога во прашање се повредите, Истокот повторно се наоѓа на лошата листа. Лани, 15 жители на Регионот се повредиле на работното место, а дури 11 од нив во Штип. Двајца работници се здобиле со повреда во Делчево и по еден во Виница и Пробиштип.

Оваа лоша статистика, Штип го сместува како втор град во државата по бројот на повреди на работно место.

За состојбата да се промени, неопходен е поголем ангажман на работодавците, зашто безбедноста на работа е многу важен фактор и за работниците и за компаниите :

  • Безбедните услови во компаниите во Република Македонија се основна претпоставка за непречено извршување на работните задачи на работниците.

Дали и како се почитуваат нормите за безбедност, надлежните постојано контролираат :

  • Трудовата инспекција во континуитет е присутна на терен. Ги повикувам сите чинители во државата, ако има проблеми во оваа насока да се обратат кај нас, кажа Аљајдин Хавзиу, дир. на Државен инспекторат за труд.

Инаку, стапката на смртни случаи при работа во Македонија изнесува 3,22, односно на секои 100.000 вработени загинуваат 3 – 4 работници. Во споредба со 2016-та оваа стапка е зголемена, односно тогаш била 2,62.

Споредбено со Велика Британија на пример, стапката на смртност на работа кај нас е многу голема. Таму, стапката е 0,5.

 

ИЗВОР: Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.