ИЗВЕСТУВАЊЕ: АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ ОТПАД.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ ОТПАД.
ноември 29 23:22 2020

Се известуваат жителите на Општина Берово, дека во текот на наредната недела, почнувајќи од понеделник 30.11.2020 година, Општина Берово во соработка со ЈПКР Услуга, ќе организира собирање на КАБАСТ ОТПАД (делови од мебел, душеци, теписи и слично).

Граѓаните кои имаат потреба од отстранување на ваков отпад, треба да се јават на телефонскиот број 078/371-939 , во временскиот период од 10:00 до 14:00 часот и во договор со одговорното лице, да го изнесуваат кабастиот отпад на тротоарите пред своите домови, со цел истиот да биде благовремено транспортиран на соодветно место.

Кабастиот отпад не е комунален отпад. Се аплира до населението да се придржува кон термините за спроведување на акциите за траснпортирање на истиот.

Доколку во иднина, се забележи фрлање на ваков отпад во контењерите за комунален отпад, ќе следуваат санкции од страна на надлежни органи, согласно Одлуката за комунален ред.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.