Зошто некои не сакаат да останат дома во време на пандемија?

Зошто некои не сакаат да останат дома во време на пандемија?
март 29 00:07 2020

И покрај постојаните барања на здравствените и државните власти луѓето да останат дома за да го забават ширењето на „Ковид-19“, многумина едноставно не го прават тоа. Психолозите велат дека за тоа постојат повеќе објаснувања кои главно се сведуваат на човековата природа.

Гордон Асмундсон, професор по психологија на Универзитетот Реџина, САД, кој ги проучува социјалните феномени, ги дели луѓето во три групи врз основа на она како се однесуваат во време на пандемијата: „претерано послушен“, „недоволно послушен“ и „нешто помеѓу“.

„Претерано послушните“ се панични клиенти кои со месеци трупаат храна и други производи. Тие се исплашени, а нивната залиха, дури и да е куп тоалетна хартија, го задушува нивниот страв.

Луѓе во карантин низ фотографии
Фото галерија:Луѓе во карантин низ фотографии

Оние „нешто помеѓу“ го прават она што се бара да го сторат без паника, тие не се однесуваат лекомислено, што е „златно правило“ за време на пандемија.

„Недоволно послушните“ се оние што не ги следат упатствата на здравствените власти, сметаат дека се непопустливи, не се задржуваат на пропишаното растојание од другите затоа што веруваат дека нема да се разболат, иако им се кажува дека оддалеченоста може да го спречи ширењето на инфекцијата.

Затоа „непослушните“ можат да бидат виновни доколку вирусот продолжи да се шири со месеци.

Сите се плашат

Како и оние кои купуваат тоалетна хартија во паника, и „недоволно послушните” всушност, се чувствуваат немоќни, но со тоа што не паничат туку пркосат, тие создаваат во себе, чувство дека ризикот од вирус е помал отколку што е, вели директорката на Клиниката за истражување на Американското психолошко здружение Вејл Рајт.

Белгија - комбинирана слика на луѓе во карантин
Белгија – комбинирана слика на луѓе во карантин

„Една од тешкотиите со неизвесноста воопшто е што таа нè потсетува на работи што се надвор од наша контрола“, смета таа, додавајќи:

„Мислам дека пркосните на таков начин се обидуваат да си ја вратат контролата“. На некои им се чини дека Ковид-19 е проблем кои го имаат жителите во далечни градови и други земји и дека „иако е тоа тажно тие треба да си се грижат за тоа“.

Луѓето во заедниците каде што инфекцијата не е широко распространета или каде што властите не вовеле ограничување на движењето, се помалку подготвени да се дистанцираат од другите, смета Стивен Тејлор, психолог и автор на книгата „Психологија на пандемијата“ – Историски поглед на луѓето во таква криза”.

Инфо-демија

Покрај тоа, коронавирусот, вели тој за Си-Ен-Ен, создава „инфо-демија“: има толку многу приказни за вирусот во медиумите, на социјалните мрежи и во разговорите со другите, што луѓето „едноставно отапуваат“ на оваа тема.

Шумата од информации, исто така, доведува до збунувачки пораки.

На пример, многу пати се зборуваше дека ризикот од инфекција е помал кај помладите луѓе и затоа тие се повеќе склони да не се плашат од вирусот.

“За време на пандемија, тој став може да биде катастрофален за најранливите категории”, вели Тејлор.

Музички отпор против коронавирусот
Музички отпор против коронавирусот

Затоа здравствените работници, познатите личности и други ги повикуваат граѓаните да останат дома не само за себе, туку и за сите други луѓе.

„Заедно, во социјалните напори е единствениот начин да се справиме со пандемијата. Сите треба да мислат повеќе и на другите, не само на себе“, порачува Тејлор.

Останете дома

Тројцата психолози се согласуваат дека луѓето копнеат по социјални врски и дека страдаат доколку бидат одвоени подолго време.

Ова може да биде особено тешко за постарите лица кои веќе се изложени на зголемен ризик од смртност, депресија и осаменост, а се помалку подготвени да користат дигитални медиуми за комуникација.

„Ние сме социјални суштества“, вели Асмундсон, „и имаме голем број слободи и тешко е да се направат ваквите промени што сега се бараат од нас“.

Полиција и војска низ градовите во Европа
Полиција и војска низ градовите во Европа

Тој верува дека пораките што ги даваат службените лица треба да бидат поинакви со потпирање врз психолошки фактори кои влијаат врз одговорот на поединците, без разлика дали се претерани.

Психолозите велат дека пренесувањето на вакви пораки е многу тешко. Некои сметаат дека луѓето треба да се уплашат за да останат дома.

Други, пак, тврдат дека тоа може да возврати, бидејќи исплашените луѓе не донесуваат одлуки засновани врз логика – оттука и паниката за купување големи количини на намирници.

Асмундсон оценува дека е тешко да се дојде до единствен одговор и за „претерано послушните“ и за „недоволно послушните“.

Но, тој и другите експерти се согласуваат: останувањето дома е најдобриот лек за пандемија.

Извор:slobodnaevropa.mk

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.