По повод денешниот празник Ѓурѓовден или познат кај Ромите како „Едерлези“, денес во Берово се одржа натпревар во влечење трупци со коњи.Организаторите информираа дека овој настан се одржува по прв пат и се надеваат дека во иднина ќе биде традиционален.Освен учесници од Берово, на натперварот со коњи имаше и гости од Штип, а вкупно се напреваруваа 13 коњи.
-Вакви настани со коњи има во Струмица,Радовиш,Кичево и други градови во Македонија, па и кај нас еве втора година го правиме.Денешниот ден е значаен за нас, бидејќи на нас Ромите ни е празник и во чест на тој празник организираме ваков натпревар со коњи.Целта на ова случување пред се дружба и забава, како и одбелжување на празникот на Ромите Едерлези – рече Демчо Демировски.
Денешниот натпревар со коњи, побуди интерес и кај граѓаните, кои љубопитно го следеа и уживаа во случувањето.
Инаку ова натпреварување со коњи е наречено Штрапаљада кое особено е познато во соседните земји Србија,Босна,Црна Гора а неизостанува ниту нашата дрќава, каде во повеќе градови се одржуваат вакви настани.
На денешниот натпревар на коњи, имаше и парични награди каде првото и второто место ги освоија претставниците од Штип а третото место му припадна на натпреварувачот од Берово.
Познат како Ерделези, Ѓурѓовден е еден од најзначајните празници со кој припадниците на ромската заедница го слават доаѓањето на пролетта, будењето на земјата, плодноста. Инаку Ерделези, ромите го слават како народен, а не како верски празник, но секако со многу интересни и бројни обичаи.