ЗАДРУГИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ ВО СЕЛАТА ОД ИСТОКОТ.

април 28 16:49 2018

Задругите да се вратат во селата од Истокот. Ова е единствен начин за нивно зајакнување и за развој на земјоделиеот во регионот.

Овдешните земјоделци поседуваат мали ниви кои не се доволни за сериозен развој на земјоделието и неопходно е нивно окрупнување, што може да се направи само со задругарство.

Иако досега имало неколку обиди, задругите да се вратат во „игра“ сепак, досега нема никакви резутати, меѓу другото и заради одредени законски одредби кои според земјоделците не се добри:

  • Не се спремни задругарите да здружуваат имот во задруги. Сето тоа ќе треба да се дефинира на некој начин во новиот закон. Тоа е еден од проблемите. Другиот проблем е двојното оданочување на членовите на задругите и приходот што го остварува задругата и третиот дел е дека не сме рамноправни со индивидуалните производители, изјави Менде Ивановски – Асоцијација на земјоделски задруги.

Доколку овие пречки се надминат, задругарството би можеле да се врати .  Впрочем, Зрновци, Подлог, Тркање, Блатец и други села од региопнот, својот развој му го должат токму на Задругарството.

Инаку, во Македонија сега постојат само 39 задруги, неколкукратно помалку од пред триесетина години. Резултатот е заостанато производство, слаби приноси,  сиромашни земјоделци и села кои масовно се празнат.

Колку за иустрација, дури 35 % од жителите ги напуштиле селата, од кои речиси сите се млади луѓе, оние кои требаше да бидат носители на нивниот развој.

ИЗВОР: Тв Стар
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.